

NASA SPACE APPS CHALLENGE - Скопје, МКД 2021 (1-3 октомври 2021, петок, сабота и недела)

ПОБРЗАЈ И ПРИЈАВИ СЕ!!! Има само уште 2 дена пред стартот на најголемиот глобален хакатон во светот - NASA Space Apps Challenge кој овој пат се одржува јубилејно по 10ти пат од 1ви до 3ти октомври 2021 година, и нуди многу нови можности и изненадувања!
Во чест на 10 годишнината вкупно 10 победнички тимови од целиот свет (од кои еден може да биде токму вашиот) ќе добијат можност да патуваат во NASA Kennedy Space центарот во Флорида и да проследат полетување на вселенско летало! Дополнително на ова, 2 члена од победничкиот тим на национално ниво со поддршка на Амбасадата на САД во Скопје, националните партнери и спонзори, ќе ја добијат истата можност.
NASA SPACE APPS CHALLENGE - Скопје, МКД 2021 (1-3 октомври 2021, петок, сабота и недела)
Натпреварот NASA Space Apps Challenge кај нас традиционално се организира од страна на ЊуМенс Бизнис Акцелераторот (www.newmansba.com) и Фондацијата Голдилокс Скопје, со поддршка на Амбасадата на САД во Скопје како и локални компании, експерти, професори и ентузијасти. Оваа година како партнер на проектот се приклучува и Асоцијацијата на советници за развој на кариера - АСК (www.ask.org.mk)
АГЕНДА:
- 1 октомври (петок), 14:00 ч. - Официјално отворање на натпреварот
- 2 октомври (сабота), Цел ден - Работење на предизвиците и менторски сесии
- 3 октомври (недела), Цел ден - Работење на предизвиците, подготовка на материјалите за презентирање и за прикачување на проектите на глобалната страна на локацијата Скопје https://2021.spaceappschallenge.org/locations/skopje/
- 3 октомври (недела), 17:00 - 21:00 ч. - Презентирање ОНЛАЈН од страна на учесниците пред жири комисија (7 минути презентација + 3-5 минути прашања и одговори) - Секој тим може да се вклучи само во одредениот термин за неговата презентација, но доколку сака може да ги следи сите презентации
- 3 октомври (недела), 21:00 ч. - КРАЕН РОК за прикачување на проектите на глобалната страна на локацијата Скопје
- 3 октомври (недела), 22:00 ч. - Прогласување на 3 тима финалисти
- 7 октомври (четврток), 15:00 - 17:00 ч. - ФИНАЛЕ НА NASA SPACE APPS CHALLENGE - Презентирање ВО ЖИВО во Скопје (точната локација ќе биде дополнително објавена) од страна на учесниците пред жири комисија. Прогласување на 1во, 2ро и 3то место, доделување на ваучер за патувањето и други награди за останатите финалисти.
Имајќи ја во предвид пандемијата на COVID-19 и во интерес на здравјето и безбедноста на нашата глобална заедница, овогодинешниот хакатон на сите локации ќе биде целосно виртуелен настан, но доделувањето на наградите за победниците ќе се организира во живо во Скопје, за што деталите ќе бидат дополнително објавени.
ФОЛДЕР СО БИТНИ РЕСУРСИ за учесниците:
Во овој фолдер се вклучени следниве материјали:
1. Преглед на победнички решенија на глобално ниво на NASA Space Apps Challenge во периодот од 2018 до 2020 година, организирани по натпреварувачки категории
2. NASA Space Apps Challenge Најдобри практики од Тамара Колиада која има учествувано на над 100 хакатони низ целиот свет
3. Начин за прикачување на решенијата на глобалниот веб сајт и минимум критериуми што треба да ги исполнуваат проектите
4. Критериуми за локално и глобално оценување и Глобални награди
5. Бесплатни понуди од глобални соработници како GoDaddy (бесплатен домеин), Google ($300 free credit on the Google Cloud Platform), IBM (AI and Data Science tools and APIs), Planet Lab (10,000 sq km of PlanetScope and RapidEye data), Meteomatics, Microsoft, Miro, Tableau, до кои ќе може да се пристапи на 2ри и 3ти октомври
6. Инфо за глобалните комуникациски канали за време на хакатонот за да комуницирате со глобални ментори, креаторите на предизвиците и глобални соработници
Пристапете до овие ресурси преку линкот: https://drive.google.com/.../1RU3k9sFpYTorCeLuUG6GG...
ШТО ПРЕТСТАВУВА NASA SPACE APPS CHALLENGE?

NASA Space Apps Challenge е бесплатен виртуелен натпревар, отворен за сите иноватори, програмери, дизајнери, претприемачи, научници, раскажувачи на приказни, креатори, градиjтели, уметниции, технолозите кои организирани во локални тимови ќе работат 48 часа за да ги решат овогодинешните предизвици зададени од експертите на Американската агенција за вселенски истражувања NASA и нема ограничување по возраст за учество.
Настанот опфаќа заедничко решавање проблеми со цел создавање на решенија со отворен код за предизвиците со кои се соочуваме на Земјата и во Вселената. Од своето основање во 2012 година, NASA Space Apps Challenge брои повеќе од 150,000 учесници од преку 150 земји, кои ги користеа отворените податоци на НАСА со цел создавање на решенија кои ќе го подобрат животот на Земјата и во Вселената.
“THE POWER OF 10” - 10 години NASA Space Apps Challenge:
Ве чест на јубилејната 10 годишнина на NASA Space Apps Challenge, најголемиот хакатон во светот, темата на настанот ќе биде “The power of ten”. Оваа година, NASA ќе одбележи десет неверојатни години на заедништво, соработка и решавање предизвици преку формирање на моќен тим од 10 меѓународни вселенски агенции, како Европската вселенска агенција, Австралиската вселенска агенција, Бразилската вселенска агенција, Канадската вселенска агенција, Јапонската агенција за воздушни вселенски истражувања.
УЧЕСТВО И РЕГИСТРАЦИЈА:
На светот му се потребни вашите идеи! Nasa Space Apps Challenge е за секого! Ова ги вклучува и оние што никогаш порано не „хакирале“. Традиционално, хакатоните се маратони за развој на технологија кои се потпираат на талентите и иницијативата на учесниците со страст и желба да имаат непосредно влијание врз светот. NASA Space App е отворен за сите што имаат желба за развивање кретивни и иновативни решенија за глобалните предизвици. Додека некои од предизвиците се технички, други ве поттикнуваат да ги користите вашите уметнички вештини, вашата деловна остроумност и вашата младешка имагинација! Со други зборови, не треба да бидете програмер или експерт за податоци за да бидете дел од NASA Space Apps. Всушност, најразновидните тимови честопати се најуспешни!!!
Регистрирањето може да го направите најдоцна до 1ви октомври 2021 година, индивидуално доколку немате свој тим, или пак како член на тим преку овој линк https://forms.gle/wYx9nGXtsSvGK1XK9

ТИМОВИ И МЕНТОРИ:
Тимовите на кои им недостигаат членови од определени области со наша помош ќе бидат поврзани со учесници кои се регистрирале индивидуално. Тимовите можат да бројат од 2 до 5 члена.
Тимовите ќе имаат поддршка од ментори со кои ќе можат да закажат индивидуални сесии во петок попладне, сабота и недела претпладне.
Линк за пријавување за ментори: https://forms.gle/ZxEW78eUrZwJBFX99
ГЛАВНА НАЦИОНАЛНА НАГРАДА:
Патување во NASA и гледање на лет на ракета за 2 члена од победничкиот тим на национално ниво.
Во чест на 10 годишнината, NASA додададе 4 нови категории, а воедно со тоа и можност вкупно 10те обеднички тимови од целиот свет (од кои еден може да биде токму твојот) да патуваат во NASA Kennedy Space центарот во Флорида и да проследат полетување на вселенско летало! Дополнително на ова, 2 члена од нашиот победнички тим на национално ниво со поддршка на Амбасадата на САД во Скопје, локалните партнери и спонзори ќе ја добие истата можност.

ГЛОБАЛНИ НАТПРЕВАРУВАЧКИ КАТЕГОРИИ:
Традиционални категории:
- Најдобра употреба на науката (Best Use of Science) - Решение што ја прави најдобрата и највалидната употреба на науката и/или научниот метод.
- Најдобра употреба на податоци (Best Use of Data) - Решението што најдобро ги прави вселенските податоци достапни или ги користи за уникатна апликација.
- Најдобра употреба на технологија (Best Use of Technology) - Решение што претставува пример за најиновативната употреба на технологијата.
- Галактичко влијание (Galactic Impact) - Решение со најголем потенцијал за подобрување на животот на Земјата или во универзумот.
- Најдобар концепт за мисија (Best Mission Concept) - Решение со најверодостоен концепт и дизајн.
- Најинспиративно (Most Inspirational) - Решение што ги допира до нашите срца.
Нови категории:
- Награда за најдобар storytelling (Best Storytelling Award) - Решението што најкреативно го пренесува потенцијалот на отворените податоци преку уметноста на storytelling.
- Награда за глобална конекција (Global Connection Award) - Решение што најдобро ги поврзува луѓето низ целиот свет преку технологија.
- Награда за уметност и технологија (Art & Technology Award) - Решение што најефикасно ги комбинира техничките и креативните вештини.
- Награда за локално влијание (Local Impact Award) - Решение што има најголем потенцијал за локално влијание.
ТЕМИ И ПРЕДИЗВИЦИ НА НАТПРЕВАРОТ:
За секој Space Apps хакатон, експерите од NASA презентираат предизвици со кои тие реално се соочуваат на Земјата и во Вселената, а за време на натпреварот ќе може да комуницирате токму со креаторите како и со тимови од други локации кои работат на истиот предизвик со цел добивање дополнителни информации, разменување на идеи и мислења.
Има вкупно 28 предизвици од кои може да изберете, и тоа од повеќе различни области како AI/ML, Apps, Data Organization, Game, Hardware, Knowledge, Moon, Risk, Science Applications, Space Travel, Youth-friendly. Детално може да ги разгледате на следниов линк https://2021.spaceappschallenge.org/challenges/
Вашиот тим ќе биде поддржан и од локални експерти и ментори.
NASA KIDS & YOUTH SPACE CHALLENGE - 2 и 3 октомври 2021 (сабота и недела)

Ве охрабруваме да се приклучите на еден од предизвиците за ДЕЦА и МЛАДИ до 12 годишна возраст кој и оваа година поради пандемијата ќе биде целосно виртуелен.
Регистрирањето и учеството може да биде индивидуално или пак како член на тим и да го направите преку овој линк https://forms.gle/wYx9nGXtsSvGK1XK9. Доколку се одлучите да пријавите свој тим, тимовите можат да бројат до 3 члена.
АГЕНДА:
2 октомври 11:00 ч. - Отворање на натпреварот
2 октомври 22:00 ч. - Испраќање на слики и видео од сработеното на организаторите
3 октомври 09:00 ч. - Известување на сите учесници за изборот на финалистите
3 октомври 11:00 ч. - Презентирање онлајн од страна на финалистите пред жири комисија
3 октомври 12:00 ч. - Прогласување на 1во, 2ро и 3то место
Предизвик за млади#1: Мисијата на леталото Луси на НАСА треба да ги истражи астероидите Тројан и да донесе нови, колоритни и реалистични сознанија за нашиот сончев систем и неговиот состав. Замисли, креирај и илустрирај го светот на астероидите кој Луси ќе го пресретне користејќи најразлични техники, пристапи и технологии создавајќи уметничко дело кое може да биде цртеж, слика, скулптура, керамичка изработка, 2Д или 3Д компјутерски изработен модел, музика, филм/видео, поема или есеј, танц или тексил. https://2021.spaceappschallenge.org/challenges/statements/artfully-illuminated-asteroids/details
Предизвик за млади#2: Ако планетата Земја има супер моќи кои би биле тие? Ако Планетата Земја е супер херој како би изгледал/а тој/таа? Нацртај го, искреирај го или моделирај го супер херојот наречен Земја и додели му ги супер моќите со кои би се борел успешно против сите глобални предизвици вклучително и климатските промени. https://2021.spaceappschallenge.org/challenges/statements/superpowearth/details
Предизвик за млади#3: Уживаш да создаваш оригами? Тогаш ова е вистинскиот предизвик за тебе! Користејќи хартија создади оригами кое ќе го претстави вселенскиот телескоп на James Webb како вистинско технолошко и дизајнерско чудо користејќи го пристапот „уметноста ја пресретнува науката“. Твоето решение треба да вклучува кратки видео секвенци (или фото дневник) од процесот на создавање, како и дијаграми и инструкции и воедно да биде едукативно истакнувајќи ги најважните карактеристики на Webb-овиот телескоп.
https://2021.spaceappschallenge.org/challenges/statements/webb-origami-design-challenge/details
Повеќе за целиот хакатон и за Youth-friendly предизвиците детално може да разгледате на следните линкови https://2021.spaceappschallenge.org/challenges/ и https://2021.spaceappschallenge.org/challenges/?fbclid=IwAR3oTcBae3fJxPc97IRSRt4UPcZrmsa0Jlv1lq8R4Xv2s_puHXBw1J7qNNA
Најдобрите 3 проекти ќе бидат наградени со специјални награди.
***

Со нетрпение очекуваме да видиме какво иновативно и креативно решение ќе создадеш ти со твојот тим на јубилејниот NASA Space Apps натпревар оваа година!
За дополнителни прашања пишете ни на емаил: spacetech@newmansba.com
Следете нѐ за редовни дополнителни информации на: https://www.facebook.com/NASASpaceTechMK
Голем интергалактички поздрав од националниот тим на NASA Space Apps Challenge!
СРЕЌНО!

